Во Тирана отворена најголемата џамија на Балканот

Во Тирана отворена најголемата џамија на Балканот

Во присуство на голем број верници и гости, во Тирана, главниот град на Албанија, свечено беше отворена џамијата Намазѓа, која е и најголемата џамија на Балканот. Џамијата Намазѓа, која е изградена со финансиски придонес на турската Дирекција за верски прашања и турската фондација Дијанет (ТДВ), ја отворија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, а на церемонијата присуствуваа сопругите на двајцата лидери. Комплексот џамија се состои и од работни простории, библиотека, културен центар, паркинг, изложбен салон, кафетерија и конференциска сала. Џамијата е изградена на парцела со површина од околу 14 хектари.