Претходната учебна година, основните и средните училишта од 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст / Photo: Весна Јаневска Фејсбук

Учебната 2024-2025 година ќе започне на 2 септември (понеделник) и нема да има пролетен распуст за учениците.

Министерството за образование и наука направи легитимна анкета на која граѓаните го кажаа своето мислење.

Мнозинството родители, ученици и наставници се изјаснија дека не сакаат пролетен распуст како во изминатата учебна година, а потоа и продолжување на наставата по 10 јуни, информираше денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

Таа додаде дека анкетата беше спроведена поради различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година.

МОН прашалникот го испрати до училиштата, а воедно и јавно беше достапен со цел, сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење и да се донесе транспарентна одлука.

Претходната учебна година, основните и средните училишта од 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст.

Наставната година за основците заврши на 17 јуни, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

Министерката соопшти дека до крајот на годинава не се предвидени пари за зголемување на платите на образовниот кадар.

Следното покачување ќе биде во март следната година и тоа за околу 12 отсто.

Претходната власт најавуваше дека во септемви наставниот кадар ќе добие покачување на платите за 23 отсто, но актуелната министерка вели дека сега за тоа пари нема.

TRT Balkan / агенции
Популарни