Министерот Спасовски со детали за убиството на малолетната Вања од Скопје / Photo: Министерство за внатрешни работи на РСМ

Четиринаесет годишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје за која македонското Министерството за внатрешни работи вчера објави дека е пронајдена мртва, а која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, била киднапирана во влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот на киднапирањето за време на нејзиното излегување.

Оваа информација денеска ја сподели со јавноста македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Прес-конференцијата следуваше по синоќешното соопштение на Министерството за внатрешни работи дека по преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на 3 декември во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска.

МВР во истото соопштение објави и дека во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.

Кој е мотивот за убиството?

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

„Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија, на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале парична, односно материјална корист“, посочи Спасовски на прес-конференцијата.

Каква е поврзаноста помеѓу двете убиства?

Што се однесува до другата жртва, повозрасното машко лице од Велес, кое нема никаква врска со малолетничката, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, а неговото возило „Цитроен“ е одземено и употребено за извршување на кривичното дело за потоа ова возило да биде пронајдено опожарено, информираше министот Спасовски.

„Токму со тоа возило е земена малолетничката и тоа во влезот од зградата во која живее, откако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома“, објасни Спасовски.

Организаторот на киднапирањето е сторител на убиството

Тој доаде дека „главен организатор и извршител кој со пиштол на 27 ноември според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага веднаш после првата пријава за тоа сторено кривично дело.“

Јавниот обвинител, Гаврил Бубевски изјави дека 74 годишниот Панче Жежовски од Велес е убиен бидејќи му должел 500 евра на еден од осомничените и бил „прометна жртва“ за да се земе возилото со кое потоа е киднапирана Вања.

„Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осомничените и така е избран како жртва за да се земеме колата и да се киднапира девојчето, изјави Бубевски.

Според денешните информации, станува збор за група која дејствувала заедно и извршила две кривични дела „грабнување“ и „убиство“ “, рече Бубевски. Две кривични дела: „Грабнување“ и „убиство“ Според денешните информации изнесени на прес-конференцијата, станува збор за група која дејствувала заедно и извршила две кривични дела „грабнување“ и „убиство“.

„За тројца од петмината инволвирани за кои постои сомневање, имаме признание за целокупниот нивен ангажман во настанот и кој за што бил задолжен во ова кривично дело. Од сето ова можеше да се дефинира дека извршиле две кривични дела – грабнување, кои се поврзани со делото користољубие, грабнување заради корист. Имаат извршено и две кривични дела – убиства, со поврзаност на двете дела, со што тоа добива најтешка кривична казна“, рече обвинителот Бубевски.

Организаторот и извршителот на убиството во бегство

Според посоченото, останатиот дел од групата се организатор и реализатор на убиствата кој е во бегство, како и таткото на малолетничката, кој, како што рече јавниот обвинител Бубевски, ги негира наводите за неговата инволвираност, а за кој останатите осомничени во своите искази изјавиле дека од него добиле информации за движењето на неговата ќерка.

За лицето за кое е истакнато дека е главен организатор и извршител на кривичното дело, ќе биде издадена меѓународна потерница.

TRT Balkan / агенции
Популарни