Бугарскиот парламент може со ново гласање да го отфрли ветото на шефот на државата / Photo: AA

Претседателот на Бугарија Румен Радев стави вето на договорот меѓу Софија и Киев за испорака на 100 оклопни возила во Украина, соопшти денеска неговиот кабинет.

Тој договор, за бесплатна испорака на 100 оклопни транспортери во Украина, во август го потпишаа Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Министерството за одбрана на Украина, а бугарскиот парламент го ратификуваше на 22 ноември.

Оклопните возила што Софија има намера да ги испрати во Украина се произведени пред околу 40 години и се означени како застарени од страна на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Радев, сепак, тврди дека оружјето може да се користи за заштита на границата и за обезбедување помош на населението во случај на катастрофи, вклучително и во тешко достапни области.

Законот за потврдување на договорот Радев го врати во парламентот, наведувајќи дека пратениците „не биле доволно запознаени со конкретните параметри на донацијата“ и затоа не можеле објективно да проценат дали оклопните транспортери се навистина застарени.

„Се водам од верувањето дека безбедноста, здравјето и животите на бугарските граѓани мора да бидат наш врвен приоритет“, рече Радев.

Бугарскиот парламент може со ново гласање да го отфрли ветото на шефот на државата.


TRT Balkan / агенции
Популарни