ЕУ ќе ги отвори преговорите со БиХ кога ќе го достигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство, посочува Мишел / Photo: AA

Лидерите на земјите-членки одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, одобрија кандидатски статус за Грузија, а преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени кога ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство, изјави претседателот на Европскиот совет.

Сепак, одлуката не беше донесена едноставно.

„Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, објави Шарл Мишел на социјалната мрежа Х.

Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција за пристапување, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка.

Мишел додава дека Грузија добила кандидатски статус.

„ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе го достигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“, посочува Мишел.

„Јасен сигнал за надеж за граѓаните и нашиот континент, вели претседателот на Европскиот совет.

Лидерите на земјите-членки одлучија дека преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени кога таа ќе ги исполни преостанатите четири критериуми - донесување на три закони и договор со Фронтекс.

Денот беше полн со неизвесност, лидерите разговараа зад затворени врати, имаше многу билатерални разговори во различни комбинации, се бараше решение како да се одговори на заканите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе стави вето на двете одлуки и на зеленото светло за проширување и финансиска помош од 50 милијарди евра за Украина како дел од ребалансот на европскиот буџет.

Поради ова се одложи и заедничката пленарна седница, која Орбан ја напушти пред гласањето.

TRT Balkan / агенции
Популарни