Тој додаде дека е потврден договорот за задржување на буџетскиот дефицит од три проценти во периодот 2025-2027 година со приоритизирање на капиталните проекти / Photo: AA

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во понеделникот по средбата со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изјави дека Србија продолжува по патот на фискалната стабилност, но дека ќе мора да биде уште повеќе дисциплиниранa и одговорна.

„Тешка, верувам, успешна средба со делегацијата на ММФ. Србија продолжува по патот на фискалната стабилност, но ќе мора да бидеме уште подисциплинирани и поодговорни од претходно. Преговорите со ММФ беа навистина тешки, но беше постигнат голем напредок , што го потврди и шефот на мисијата Доналд Мегетиган. Тој ми честиташе за постигнувањето на инвестицискиот рејтинг на Србија и го истакна успешното завршување на четвртата и последна ревизија на сегашниот стенд-бај аранжман, како и договорот за новиот ПЦИ аранжман од следната година“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека е потврден договорот за задржување на буџетскиот дефицит од три проценти во периодот 2025-2027 година со приоритизирање на капиталните проекти.

„Делегацијата на ММФ ја истакна важноста од почитување на фискалните правила, особено кога станува збор за платите и пензиите, како и потребата од внимателно управување со трошоците во земјоделството, инфраструктурата и здравствениот сектор. Изразив благодарност за поддршката на ММФ и ја истакнав Србија посветеност на натамошна фискална консолидација и спроведување на структурни реформи, вклучително и реформи во енергетскиот сектор и управувањето со јавните претпријатија“, рече Вучиќ.

AA
Популарни