Убавината на Кападокија од воздух     Фото: АА

Кападокија во Туркије е магично место и за домашните и за странските туристи. Има што да се види и од копно, но и од воздух. Во првата половина од годинава убавините на Кападокија од воздух ги забележале 258.914 туристи, што е за 186 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Од кабинетот на гувернерот на Невшехир соопштија дека од јануари до јуни 2022 година имало 12.558 летови со балони, а во турите учествувале 258.914 домашни и странски туристи.

Во 2020 година, кога започна пандемијата на коронавирус, 120.917 луѓе летаа со балони на топол воздух, а во првите шест месеци од 2021 година, 90.493. Со заживувањето на туризмот годинава зголемен е и интересот за летови со балони.

Претседателот на Здружението на оператори со балони на топол воздух во Анадолија (АСБИД), Мехмет Динлер, изјави дека Кападокја привлекува туристи од целиот свет поради климатските услови и природните убавини.

Тој очекува до крајот на годината да биде соборен рекордот за летови со балони.

„Интересот е голем, особено е значаен порастот на посетителите од Индија, а до крајот на годината очекуваме туристи од земјите на Далечниот Исток, меѓу кои и Кореја, Малезија и Индонезија. Кападокја е една од најважните туристички дестинации во Туркије“, рече Динлер.

Туристката од Данска Ања Иверсен е воодушевена од убавината на Кападокија каде што престојува за првпат. Ијверсен вели дека е возбудена што може да лета во балонот.

Туристот од Полска Џејкоп Пинфолд изјави дека се воодушевени од природните убавини на оваа област.

AA
Популарни