Турската влада ја објави мапата на патот за процесот на оживување и реконструкција по разорните земјотреси кои на 6 февруари го погодија југот на Туркије и оставија последици на повеќе од 13 милиони луѓе.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 21 февруари изјави дека во рок од година дена сите села и градови погодени од земјотресот ќе бидат обновени, со вкупно 200.000 трајни куќи кои ќе бидат изградени за погоденото население од 11 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мурат Курум исто така ја сподели мапата на патот за процесот на оживување на регионите погодени од земјотресот.
Според планот кој се заснова на како што е изјавено „научни, брзи и цврсти принципи“, ќе бидат преземени сите мерки за новоградбите да бидат отпорни на катастрофи.
Земјиштето ќе биде испитано од сите аспекти како што се морфолошки, геолошки, геофизички, геотехнички, хидрогеолошки и сеизмотектонски. Надлежните власти ќе продолжат да ја мерат отпорноста на земјотрес на новите станбени зони со микрозонирање и геолошки истражувања.
Според теренските истражувања на старите станбени подрачја, ќе се евалуираат опциите што вклучуваат ограничувања на зони и намалена густина на градење.
Објектите ќе се градат на цврсти темели на кои нема да дојде до ликвификација на земјиштето. Понатаму, оддалеченоста на станбените подрачја до линиите на реседи ќе ја пресметаат експерти, а потоа ќе се направи анализа на ризикот.
Сите нови згради ќе бидат поставени според „моделот на населба од рамно до планинско населување“ за отпорни градови. За време на изградбата, системот за кофражни тунели за темелите ќе бидат задолжителни на сите згради.
Населбите ќе бидат проектирани во согласност со културата, уметноста, природната и историската текстура на градот и социјалната и демографска структура.
Во изградбата на 200.000 куќи која ТОКИ ќе ја почне во рок од два месеци, ниту една зграда нема да надминува приземје плус три или четири ката. Научниците од универзитетите, инженерите, архитектите и урбанистите ќе бидат вклучени во секоја фаза на процесот.
По фазата на пребарување и спасување на преживеаните од катастрофалните земјотреси, претседателот напомена дека се поставени вкупно 300.000 шатори и моментално 865.000 граѓани се сместени во шаторите, а 23.500 граѓани во контејнери.
Близу 376.000 Турци престојуваат во студентски домови при Министерството за образование и Министерството за млади и спорт.
„Повеќе од 1,1 милиони згради се прегледани во регионот. Утврдено е дека 458.000 независни делови од 139.000 објекти се срушени, пред рушење или тешко оштетени“, нагласи Ердоган.
Според последните податоци, во последователните земјотреси во Туркије загинаа повеќе од 43.000 лица. Илјадници други се повредени.