Ердоган и Ал Тани разговараа за израелските напади во Газа / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Ал Тани разговараа за тековните израелски напади во Газа.

„За време на состанокот се разговараше за најновите случувања во израелскиот масакр во Газа, напорите за постигнување прекин на огнот и траен мир и чекорите што се преземени и ќе бидат преземени за доставување хуманитарна помош во Газа“, се истакнува во соопштението на Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.

Се наведува оти Ердоган нагласил дека „Израел мора да сноси одговорност за воените злосторства што ги изврши“ и ја нагласил важноста на меѓународната поддршка, како и правните напори за да се повика Израел на одговорност.

Ердоган, исто така, вети дека напорите на Туркије ќе продолжат да се зголемуваат за да се обезбеди адекватна испорака на хуманитарна помош во Газа.

„За време на состанокот оценети се и односите меѓу Туркије и Катар, како и регионалните и глобалните прашања“, се наведува во соопштението.

Состанокот е одржан во палатата Лусаил во Доха.

Претходно Туркије и Катар потпишаа 12 договори за соработка во различни области и заедничка декларација од 9. состанок на Високиот стратегиски комитет на Туркије и Катар.

По тет-а-тет средбата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Ал Тани претседаваа со состанокот на комитетот.

AA
Популарни