#NUB54 : México extraditó a EEUU a 29 narcotraficantes / Photo: AFP

Мексико во четвртокот екстрадираше 29 осомничени нарко босови по барање на САД, поради зголемениот притисок од администрацијата на Трамп да го спречи шверцот со фентанил или да се соочи со повисоки царини.

29-те затвореници се пренесени од различни затвори низ целата земја, а меѓу нив е и Рафаел Каро Кинтеро, поранешен водач на картелот Гвадалахара, кој беше баран од САД за убиството на агентот на американската Агенција за борба против дрога (ДЕА) Енрике „Кики“ Камарена во 1985 година.

Овој потег доаѓа по назначувањето на мексиканските нарко картели како странски терористички организации (ФТО) од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во јануари.

Трамп постојано му се закануваше на Мексико со царини за да го поттикне да ги засили напорите за справување со нарко-картелите, додека мексиканската влада предводена од претседателката Клаудија Шејнбаум прави се што е можно за да ги спречи.

Секретаријатот за безбедност и цивилна заштита (ССЦП), владина агенција на ниво на Кабинет, одговорна за надзор на јавната безбедност и разузнавање, објави изјава за екстрадицијата на криминалците од висок профил, ветувајќи нивно предавање на американските власти како средство за соработка со САД.

„Оваа акција е дел од билатералната координација, соработка и напорите за реципроцитет во рамките на почитувањето на суверенитетот на двете нации“, се вели во соопштението.

Каро Кинтеро, наречен „Ел Нарко“, поради неговата моќ и улога како ко-основач на картелот Гвадалахара, најмоќниот нарко-картел во Латинска Америка во текот на 80-тите години, избегна да лежи во американски затвор со децении.

Обвинет за тортура и убиство на Камарена, тој помина 28 години во мексикански затвор од неговото апсење во 1985 година.

Тој беше ослободен во 2013 година, кога судот му ја укина 40-годишната казна.

Повторно се вратил на трговијата со дрога, се додека не беше уапсен од мексиканските сили во 2022 година.

AA
Популарни