Бројот на загинати Палестинци во големата израелска воена кампања во Појасот Газа се искачи на 15.899, соопшти денес Министерството за здравство во блокираната енклава.
„Над 42.000 лица се повредени во нападите“, изјави портпаролот на Министерството, Ешраф ал-Кудра, на прес-конференција.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Според официјалните податоци, билансот на загинати при нападот на Хамас во Израел изнесува 1.200.
AA