Потпретседателот на Туркије Октај: Надлежните служби се на терен / Photo: AA

Потпретседателот на Република Туркије Фуат Октај по новите земјотреси во јужната провинција Хатај ги повика граѓаните да се оддалечат од оштетените згради.

Октај на социјалните мрежи наведе дека надлежните служби се на терен и ги повика граѓаните да не се доближуваат до оштетените згради.

Исто така, тој ги повика граѓаните да се придржуваат до упатствата од надлжените служби на терен.

Управата за вонредни ситуации на Република Туркије (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер вечерва ги погоди јужните региони на земјата.

Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил во 20.04 часот по локално време со епицентар во округот Дефне и на длабочина на тлото од 16,7 километри.

Само три минути подоцна, се случи нов земјотрес со јачина со јачина од 5,8 степени. Епицентар на тој земјотрес беше во округот Самандаг, исто така во провинцијата Хатај.

Земјотреси се случија две недели откако два разорни земјотреси со епицентри во Кахриманмараш.

TRT Balkan / агенции
Популарни