Рускиот тим формирал и теренска болница со 40 лекари кои успеале да им помогнат на речиси 800 луѓе, меѓу кои и 320 деца / Photo: AA

„Во мојот живот не сум видел катастрофа од вакви размери”, изјави Александар Чупријан водачот на рускиот тим за спасување од земјотресите кои ја погодија Туркије. Тој ги надгледуваше операциите за пребарување и спасување во Кахраманмараш и Хатај, а неговата единица брои 200 лица. Чупријан вели дека неговата земја претрпе голем земјотрес на Сахалинските Острови во раните деведесетти години на минатиот век, но не со интензитет како земјотресот во Туркије.

„Во Русија, имаме многу региони со исти сеизмолошки активности, така што го разбираме тоа. Ова не е првпат руските спасувачи да учествуваат во такви операции“, рече Чупријан. Тој истакна дека неговиот тим успеал да извлече шестмина преживеани од урнатините и да ги извади телата на 100 жртви во двете провинции.

Покрај овие напори, тој рече дека рускиот тим формирал и теренска болница со 40 лекари. Тие успеале да им помогнат на речиси 800 луѓе, меѓу кои и 320 деца.

Чупријан ја истакна улогата на кучињата трагачи за наоѓање луѓе под урнатините и рече дека дека тие биле многу ефикасни. Тој исто така, го пофали Туркер Фатих Челик, турски претставник кој координира со меѓународните спасувачки тимови.

Покрај спасувачките екипи, во погодените области беа испратени и ќебиња, шатори, храна и тимови за психолошка поддршка, заедно со над 12.300 возила, вклучувајќи багери, трактори и булдожери. Повеќе од 227.762 шатори, 2,6 милиони ќебиња и 48.271 контејнери се испратени во 10-те најтешко погодени провинции, според турското претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот петок изјави дека земјата се соочува со една од најголемите катастрофи во нејзината модерна историја.

Сочувство пристигна од целиот свет со изрази на солидарност со Туркије. Многу земји испратија спасувачки тимови и помош.

AA
Популарни