Туркиш ерлајнс во 2024, седма година по ред е рангиран како највреден турски бренд. Како што се вели во денешното соопштение на Brand Finance, водечката светска консултантска компанија за вреднување брендови Туркиш ерлајнс е проценет е на 1,985 милијарди долари.
Вредноста на брендот на националниот авиопревозник е минимално намалена од 2 милијарди долари колку што беше проценета во 2023 година.
Големите турски производители на кујнски апарати Арчелик и Вестел се зад авиопревозникот со вредност од 1,265 милијарди долари и 917 милиони долари.
Приватниот заемодавач Исбанк ја престигна компанијата за финансиски услуги Гаранти ББВА. Нејзината вредност на брендот се зголеми на 859 милиони долари за разлика од 736 милиони долари минатата година и се најде на четвртото место.
Гаранти ББВА е на петтото место и покрај тоа што ја подигна вредноста на својот бренд од 767 милиони долари во 2023 година на 831 милиони долари во 2024 година.
Производителот на автомобили Форд Отосан (816 милиони долари), државниот заемодавач Зират Банк (665 милиони долари), приватниот заемодавач Јапи Креди (596 милиони долари), модниот бренд ЛЦ Ваикики (542 милиони долари) и приватниот заемодавач Акбанк (532 долари) се меѓу првите десет.
Коментирајќи ги резултатите претседателот на Туркиш ерлајнс, Ахмет Болат, рече дека задржувањето на првото место меѓу највредните брендови на овогодинешното рангирање го мотивира целото семејство на Туркиш ерлајнс за поголем успех.
„Ќе продолжиме да го зголемуваме нашиот придонес за Туркије, нашата економија, нашето вработување и сите сектори во кои сме заинтересирани“, изјави Болат.
Основана во 1933 година со флота од пет авиони, Туркиш ерлајнс моментално може да се пофали со флота од 456 патнички и товарни авиони кои летаат до 346 светски дестинации, вклучувајќи 293 меѓународни и 53 домашни.
Бренд Фајненс ја пресметува финансиската вредност на брендовите веќе 20 години. Во нивното рангирање сега има 5 000 брендови.