Земјите од Заливот донираат 385 милиони долари за Туркије и Сирија

Земјите од Заливот донираат 385 милиони долари за Туркије и Сирија

Последните податоци говорат за над 36 000 жртви во земјотресите од 7,7 и 7,6 степени
Двете земји се соочуваат со катастрфални последици / Photo: AA

Околу 385 милиони долари како донации за Туркије и Сирија кои беа погодени од катастрофални земјотреси собраа земјите од Заливот. Во силните земјотреси загинаа над 36.000 луѓе во Туркије и Сирија. Во продолжение следи преглед на собраната помош.

Саудиска Арабија

Центарот за хуманитарна помош и помош на кралот Салман организира кампања за донации за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија во која учествуваа повеќе од 1.5 милиони луѓе. Според податоците објавени од платформата Сахем на саудиската влада биле собрани 89,2 милиони долари.

Катар

Во Катар започна кампањата Поддршка и помош од страна на Регулаторната управа за добротворни активности. Резултатот од кампањата е собрани 46 милиони долари. На оваа сума треба да се додаде и донацијата од 14 милиони долари од емирот на Катар Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани.

Катарската Црвена полумесечина одвои и еден милион долари од Фондот за одговор при катастрофи за итна помош на погодените од земјотресите во двете земји и започна акција за собирање 10 милиони долари за проширување на опсегот на интервенции за помош за жртвите од земјотресот. Во Катар се подготвуваат и други добротворни активности со кои треба да се соберат 13 милиони долари.

Обединети Арапски Емирати

Шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати нареди да се обезбедат 100 милиони долари за помош на погодените од катастрофата од земјотресот во Туркије и Сирија.

Потпретседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, исто така упати итна хуманитарна помош за сирискиот народ, во вредност од 13,6 милиони долари. Шеикот Фатима бинт Мубарак, претседател на Врховниот совет за мајчинство и детство, нареди да се обезбедат 13,6 милиони американски долари.

Ал Ансари Ексчејнџ (Al Ansari Exchange), водечка девизна компанија донираше 1 милион долари.

Кувајт

Кувајтскиот кабинет објави донација од 30 милиони долари, а неколку министерства во заливската земја започнаа еднодневна кампања во која собраа повеќе 67,7 милиони долари.

Оман

Оманската управа за добротворни активности започна иницијативи за собирање донации и помош за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија.

Оманското здружение Дар Ал Атаа организираше кампања за собирање донации за помош на жртвите од земјотресот. Според локалниот весник Ал Шабиба, во кампањата на добротворното здружение Дар Ал Атаа биле собрани околу 650.000 долари во првите два дена.

AA
Популарни