Авион се судри со воен хеликоптер во воздух во близина на Вашингтон

Авион се судри со воен хеликоптер во воздух во близина на Вашингтон

„Американ ерлајнс“ потврди дека во авионот имало 60 патници и четири члена на екипажот.
Авион се судри со воен хеликоптер во воздух во близина на Вашингтон / Photo: AA

Патнички авион се судри синоќа со воен хеликоптер во воздух и се урна во реката Потомак во Вашингтон.

„Патничкиот авион на ПСА Ерлајнс Бомбардиер CRJ700 се судри во воздух со хеликоптерот Сикорски Х-60 ​​додека се приближуваше кон пистата 33 на Националниот аеродром 'Роналд Реган' во Вашингтон околу 21 часот по локално време“, се вели во соопштението на Федералната управа за авијација (ФУА).

Авионон на „Американ ерлајнс“, полетал од Вичита, Канзас, соопшти ФУА.

„Американ ерлајнс“ потврди дека во авионот имало 60 патници и четири члена на екипажот.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека претседателот Доналд Трамп бил информиран за инцидентот.

Подоцна Трамп изјави дека целосно е информиран за „страшната несреќа“.

„Бог нека ги благослови нивните души. Благодариме за неверојатната работа што ја прават нашите спасители. Ја следам ситуацијата и ќе дадам повеќе детали кога ќе бидат достапни “, рече Трамп.

Армијата на САД потврди дека хеликоптерот вклучен во инцидентот бил армиски хеликоптер УХ-60 од Форт Белвоар, Вирџинија.

Тројца војници на американската армија се наоѓале во хеликоптерот БлекХок, изјави висок функционер.

Изворот рече дека во хеликоптерот немало високи функционери.

Соопштено е дека хеликоптерот БлекХок учествувал во тренинг-лет.

Полицијата на Вашингтон соопшти дека во реката Потомак во тек е операција за пребарување и спасување од повеќе агенции.

Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон објави дека сите полетувања и слетувања се запрени. Терминалот останува отворен.

Сенаторот од Канзас, Роџер Маршал, рече дека авионот превезувал околу 60 патници.

AA
Популарни