Најмалата партија во коалициските преговори во Австрија, либералите од партијата „Нов австриски и либерален форум“ (Неос), денеска соопштија дека ги напуштаат преговорите.
Тој потег сериозно ги доведува во прашање натамошните преговори, додека десничарската Партија на слободата (ФПО), која победи на парламентарните избори во септември, но не доби можност да формира влада, чека да види во која насока ќе се развива ситуацијата.
Анкетите покажуваат дека поддршката за ФПО, која е евроскептична и блиска до Русија, порасна по изборите на 29 септември кога освои 29 отсто од гласовите.
Неос ги критикуваше преговорите, нарекувајќи ги „недемократски“.
Лидерот на Неос, Беате Мејнл-Рајзингер на прес-конференцијата изјави дека преговорите со конзервативната Австриска народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нехамер и Социјалдемократската партија (СПО) не дале значителни резултати.
Сепак, таа додаде дека нејзината партија е подготвена да ги поддржи проектите кои се веќе договорени во преговорите, навестувајќи ја можноста СПО и ОВП да формираат двојна коалиција, иако тие би имале мнозинство со само едно место во Долниот дом.