Џо Бајден: Имавме конструктивни и продуктивни разговори, но не постигнавме важен напредок / Photo: AA

Американскиот претседател Џо Бајден се уште го смета неговот кинески колега КСи Џинпинг за диктатор. Ова Бајден го потврди на прес – конференција по вчерашната средба со Џинпинг на маргините на конференцијата Азија – Пацифик во Сан Франциско.

„Па, погледнете, тој е. Мислам дека е диктатор во смисла дека еве еден човек кој раководи со земја која е комунистичка земја заснована на форма на власт која е сосема поинаква од нашата“, рече Бајден.

Бајден изјави дека одржал „конструктивни и продуктивни“ разговори со Кси во Сан Франциско но дека не постигнале важен напредок.

Бајден објави дека САД и Кина ја обновуваат соработката против илегалната трговија со дрога, работејќи на намалување на протокот на хемикалии прекурсори и преси за таблети кои ја поттикнуваат кризата со фентанил.

Бајден, исто така, го опиша како критично важно тоа што двете земји ја обновуваат комуникацијата меѓу војската, што го отвора патот да се избегнат погрешни проценки од која било страна и да се спречи конфликт.

Претседателот на САД исто така, најави дека Вашингтон и Пекинг ќе ги здружат своите експерти за да разговараат за ризиците од вештачката интелигенција.

Осврнувајќи се на Тајван кој Кина го смета за своја територија, Бајден рече дека му ја нагласил на Џинпинг важноста на мирот и стабилноста во тајванскиот теснец, а исто така јасно ставил до знаење дека не очекува никакво мешање во изборите во јануари.

Бајден, исто така, рече дека ќе продолжи да ја чува и да ја следи дипломатијата на високо ниво со Кина во месеците што следат.

„Разговараме со нашите конкуренти и само разговараме, само сме отворени еден со друг, така што нема недоразбирања, како клучен елемент за одржување на глобалната стабилност и реализација за американскиот народ“, додаде тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни