Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа апелираше што е можно повеќе земји да ја признаат државата Палестина, истакнувајќи дека ова прашање е од големо значење.
„Од 7 октомври 2023 година, девет земји ја признаа државата Палестина. Го повторуваме нашиот апел до земјите кои сè уште не го сториле тоа да ја признаат државата Палестина“, рече Ердоган на прес-конференција со неговиот фински колега Александар Стуб, кој е во посета на Туркије.
Турскиот претседател рече дека признавањето на палестинската држава има голема важност во опкружување во кое се неефикасни меѓународните организации задолжени за осигурување мир и безбедност.
Туркије веќе подолго време на глобално ниво се залага за признавање на државата Палестина.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта и болници во Појасот Газа. Во израелските напади се убиени најмалку 41.638 Палестинци, а околу 96.460 се повредени од 7 октомври минатата година, објави Министерството за здравство во палестинската енклава.