Лицата не им поцрвенуваа ни малку додека убиецот на 40.000 луѓе го пречекуваат како херој / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган коментирајќи го обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Конгресот на САД, рече дека целиот свет виде како на геноциден убиец му аплаудираа во Конгресот на САД и дека тоа јасно покажува каде оди целиот свет,.

Ердоган во Истанбул зборуваше на промоцијата на стимулативната програма во областа на високата технологија во Културниот центар Ататурк, а во таа прилика се осврна на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес.

„Целиот свет гледаше и виде како на геноциден убиец му аплаудираат во американскиот Конгрес. На кого му се аплаудира? На оние кои му служат на човештвото им аплаудираат“, рече Ердоган и додаде: „Замислете, Претставничкиот дом им аплаудира на оние кои убија речиси 40.000 деца, жени и старци“.

Ердоган рече дека тоа јасно покажува каде оди целиот свет.

„Од 7 октомври луѓето од далеку го гледаат убивањето на деца, жени и бебиња во инкубатори, како да гледаат филм. Во Америка му аплаудираат на Нетанјаху, нивниот убиец. Дали е можно да се разбере такво нешто“, праша Ердоган и продолжи: „Што е со човековите права?

Сето тоа на една страна, додаде Ердоган и потсети како Нетанјаху беше пречекан со громогласен аплауз.

„Една работа е дека не ги спречија масакрите, тука сме соочени со затемнувањето на разумот и совеста, која во својот Конгрес му беше домаќин на месар на чии раце е крвта на 150.000 жители на Газа и аплаудираа со големо задоволство за време на неговиот говор полн со лаги“, рече Ердоган.

Турскиот претседател рече дека „оние кои знаат да зборуваат и да му држат лекции на целиот свет за демократијата и човековите права, не чувствуваат ни трошка срам што го воздигнуваат Хитлер на нашето време“.

„Лицата не им поцрвенува ни малку додека убиецот на 40.000 луѓе го пречекуваат како херој. Нема правда, нема закон, нема правила, нема милост, сочувство, совест. Нема преземање одговорност за мир, нема напор да ја зголемиме надежта на човештвото. Сите ние сме сведоци на состојбата на лудилото во кое угнетувачот се почитува поради неговата суровост, а правата на угнетените се игнорираат“, заклучи Ердоган.

AA
Популарни