Израелските полициски сили биле распоредени во дворот на џамијата / Фото: AA

Десетици еврејски доселеници денес насилно влегoa во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим) за време на еврејскиот празник Пасха.

Очевидците наведуваат дека израелската полиција придружувала групи доселеници во дворот на „Ал Акса“ преку портата Муграби на западниот ѕид на џамијата.

Израелските полициски сили биле распоредени во дворот на џамијата пред рацијата, додека некои полицајци се искачиле на покривот на молитвената сала „Ал Кибли“.

Претходно израелската полиција спречи Палестинци помлади од 50 години да влезат во џамијата „Ал Акса“ за молитва, изјавија очевидци.

Десетици Палестинци утринската молитва ја извршиле на улиците што водат до џамијата „Ал Акса“, откако биле спречени да влезат во комплексот.

Во понеделникот, Одделот за исламски донации во Ал Кудс соопшти дека 1.531 доселеник упаднале во џамијата „Ал Акса“ за време на еврејскиот празник Пасха, кој трае до 12 април.

Откако израелските сили упаднаа во „Ал Акса“ и ги избркаа верниците од комплексот на џамијата минатата недела, тензиите низ палестинската територија се зголемија. Израелските напади беа предизвикани од ракетни напади од Појасот Газа и Либан, на што Израелците одговорија со воздушни напади.

Палестинците ги обвинуваат Израелците дека систематски го јудаизираат Источен Ал Кудс (Ерусалим), каде што се наоѓа „Ал Акса“, третото најважно свето место за муслиманите.

AA
Популарни