Се одбележуваат 77 години од атомската бомба врз Нагасаки     Фото: AA

Во Нагасаки се одржа церемонија во чест на жртвите од нуклеарниот напад врз Јапонија пред 77 години,, во кој загинаа повеќе од 70.000 луѓе. Вториот напад извршен од воените сили на САД следеше три дена по нападот врз Хирошима.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида оддаде почит на жртвите во Нагасаки предводејќи ја делегацијата на високи претставници на Владата на Јапонија.

„Како премиер, понизно им изразувам искрено сочувство на духовите на оние луѓе кои беа пожртвувани и сочувствувам од срце со оние кои продолжуваат да ги трпат последиците“, рече Кишида.

Церемонија во чест на жртвите во Нагасаки     Фото:  Others

Присутните, вклучително и дипломати, одржаа едноминутно молчење во 11:02 часот, моментот кога атомската бомба експлодираше над јужниот јапонски град на 9 август 1945 година.

Градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, во своето обраќање во Паркот на мирот рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои, а неговото елиминирање е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото.

Руската инвазија на Украина и заканата за употреба на нуклеарно оружје дојде само еден месец откако Москва и четири други нуклеарни сили ветија во изјава дека нуклеарна војна никогаш не смее да се води, истакна Тауе.

Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза“.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе.

Три дена подоцна на денешен ден пред 77 години, втората бомба беше фрлена врз Нагасаки. Јапонија, една од силите на Оската, се предаде на 15 август, со што заврши Втората светска војна.

TRT Balkan / агенции
Популарни