Нова заедница чија цел е да обезбеди засолниште за Сиријците погодени од граѓанската војна официјално беше отворена во четвртокот во северозападна Сирија.
„Градот на надежта“ е изграден преку соработка на Катарската добротворна организација и Турската фондација за хуманитарна помош ИХХ, а во него ќе бидат сместени околу 10.000 луѓе.
На церемонијата на отворањето во градот Азез присуствуваа неколку клучни фигури, меѓу кои и Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад, државната министерка за меѓународна соработка на Катар, заменик министерот за внатрешни работи на Туркије Мунир Караоглу, градоначалничката на Газиантеп Фатма Сахин и други претставници од двете влади и хуманитарни организации.
„Среќни сме што сме со сирискиот народ, кого го сметаме за дел од нашето семејство. Денеска свечено го отвораме Градот на надежта. Исто како и во минатото, ние стоиме покрај сирискиот народ кој се залага за слобода“, рече Миснад.
Караоглу ја нагласи тековната поддршка на Тукије во различни сектори низ Сирија, вклучувајќи засолниште, хуманитарна помош, образование и здравствена заштита.
„Денешното отворање на Градот на надежта е конкретен пример за нашите напори.
Проектот, изграден на парцела од 280 хектари, се состои од девет населби и нуди различни основни услуги, вклучувајќи 1.400 станбени единици, четири училишта, џамија, спортски комплекс, клиника, конференциска сала и пазар со 50 продавници.
„Овој град е подарок за сирискиот народ кој страдаше 14 години поради бруталната војна и беше принуден да побегне“, рече Јусеф Ал-Кувари, извршен директор на Катарската организација.
Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск минатиот месец, ставајќи крај на децениското владеење на неговото семејство.
Новата администрација предводена од Ахмед Ал Шара, сега преоден претседател, ја презеде контролата врз земјата разурната од војна.
Тој побара укинување на санкциите за државата за да се опорави по речиси 14-годишната граѓанска војна.