Еден од хеликоптерите од конвојот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси доживеал несреќа. Според иранската државна телевизија, хеликоптерот од конвојот на претседателот Раиси кој со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев присуствувал на отворањето на браната на границата на двете земји, доживеал несреќа.
Новинската агенција Тесним наведе дека хеликоптерот кој доживеал несреќа го превезувал Раиси.
Новинската агенција Фарс објави дека хеликоптерот кој го превезувал Раиси извел принудно слетување поради густа магла и дека Раиси отпатувал преку копно во Табриз.
Иранската државна телевизија исто така наведе дека хеликоптерот кој го превезувал Раиси принудно слетал и дека екипите на прва помош се испратени на местото на несреќата.
Во конвојот на претседателот Раиси биле три хеликоптери.