Единицата за електронско војување на војската ја објави листата за гаѓање на американските носачи на авиони. / Фото: Reuters

Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) објави „список на цели“ во случај на евентуален напад во кој се вклучени Соединетите Американски Држави (САД).

Единицата за електронско војување на војската ја објави листата за гаѓање на американските носачи на авиони.

Таа е објавена во најновото издание на списанието „Конверзија на одбранбената индустрија во Кина“, списание под надзор на Државната администрација за наука, технологија и индустрија за национална одбрана, јави весникот „Саут Чајна морнинг пост“.

При евентуален конфликт, списанието прецизно ги означи американските воени радари, сензори и комуникациски системи, како цел на кинеското оружје за електронско војување, според истражувач вклучен во проектот.

„Оваа информација може да обезбеди насоки за развој на технологија за електронски контрамерки и поврзана опрема на идните поморски боишта на Кина“, напиша Мо Џиакијан, експерт за електронски контрамерки во кинеската војска.

Извештајот го истражуваше системот за способност за соработка на американската морнарица, клучна компонента на воздушната одбрана и мрежата за рано предупредување на флотата на носачите на авиони, што ѝ овозможува на флотата да ги споделува ресурсите за противвоздушна одбрана и да лансира проектили за пресретнување на заканите откриени од сензорите на другите бродови.

AA
Популарни