Кинеската матична компанија на ТикТок, БајтДенс, рече дека нема намера да ја продава апликацијата откако Соединетите Американски Држави (САД) усвоија закон со кој ја принудува компанијата да ја продаде особено популарната платформа за споделување видеоснимки или „да биде забранета во Америка“
„БајтДенс не планира да го продава ТикТок“, објави компанијата, пренесува Би-би-си.
Дваесет отсто од акциите на БајтДенс се во сопственост на неговите основачи и кинески инвеститори, 60 отсто од глобалните инвеститори и 20 отсто од вработените.
Американскиот Сенат доцна синоќа усвои нацрт-закон што може да доведе до забрана на социјалната мрежа ТикТок, освен ако сопственикот на кинеската компанија не ја продаде платформата за споделување видео содржини.
Американскиот Си-би-си њуз објави дека законот му дава на БајтДенс, кинескиот сопственик на ТикТок, девет месеци да го продаде својот удел, со потенцијален дополнителен тримесечен грејс период, или апликацијата ќе биде забранета во САД.
Претставничкиот дом веќе ја одобри мерката на 20 април, а претседателот Џо Бајден, исто така, го потпиша законот во средата.
Законот е усвоен поради сомнение дека БајтДенс може да споделува податоци за американските корисници со кинеската Влада.