Климатските промени ја зголемија веројатноста за разорните шумски пожари во Лос Анџелес за 35 отсто, покажува студијата на „World Weather Attribution (WWA)“.
Истражувачите откриле дека порастот на глобалните температури од 1,3 Целзиусови степени од прединдустриската ера ги продолжиле сушните периоди, правејќи ја вегетацијата поподложна на запалување и интензивирајќи ги пожарите.
Подолгите сушни услови, во комбинација со силните ветрови од Санта Ана, одиграле клучна улога во брзото ширење на пламените јазици, забележаа истражувачите. Тие предупредија дека како што климата продолжува да се затоплува, екстремните шумски пожари како оној во американската сојузна држава Калифорнија би можеле да станат уште почести и поопасни.
Во пожарите, кои избувнаа на 7 јануари, загинаа 29 луѓе, а уништени се повеќе од 16.000 домови, опожарени над 37.000 хектари земја. Официјални претставници рекоа дека пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Според јавувањата на медиумите, економските загуби од катастрофата, која се смета за „една од најразорните во историјата на Лос Анџелес“, се проценува на над 250 милијарди долари.