Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат, кој трае до мај 2027 година.
Во вечерашното обраќање до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент и изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.
„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон, додавајќи дека во наредните денови ќе именува нов премиер.
Францускиот претседател претходно ја прифати оставката на премиерот Мишел Барние.
Малцинската влада на десниот центар на премиерот Мишел Барние, која не ја доби довербата на пратениците, падна по три месеци.
Националното собрание расправаше за два различни предлога за недоверба на владата поднесени од левичарската алијанса Нов народен фронт (НФП) и екстремно десничарската партија Национално собрание (РН) и нивните поддржувачи.
На гласањето во Националното собрание, 331 пратеник го поддржаа гласањето недоверба на левичарскиот сојуз, што е значително повеќе од 288-те гласови потребни за да биде прифатена иницијативата за недоверба.
Така падна владата на Барние, која имаше најкраток мандат во периодот на петтата република.