Нетанјаху доби овации од членовите на американскиот Конгрес на крајот од секоја реченица за време на неговиот говор, кој траеше околу еден час / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „ниту еден цивил не е убиен во градот Рафаh во Газа“, каде што загинаа илјадници Палестинци.

Израелскиот премиер одржа говор кој траеше околу еден час на заедничката седница на Конгресот на покана на лидерите на американскиот Конгрес.

Тврдејќи дека нападите од 7 октомври 2023 година од страна на Хамас се слични на нападите на Перл Харбор во 1941 година и нападите врз САД во 2001 година, Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за поддршката на Израел во нападите во Газа и велејќи дека е „горд ционист“.

Нетанјаху тврдеше дека извештаите за убиени цивили во Газа се „лаги“.

„И покрај сите лаги што ги слушате, Газа е место каде што неборбените цивилни жртви се најмали во историјата на урбаните војни во споредба со загубите од борците“, тврди израелскиот премиер.

Тој рече дека минатата недела бил во Рафах и се сретнал со командантите на израелската армија.

Нетанјаху, како што рече, прашал колку цивили се убиени. Тој, како што изјави, добил одговор дека „има само еден инцидент во кој шрапнели од бомба погодиле вооружен персонал на Хамас и затоа дваесет луѓе ненамерно биле убиени“.

Тој тврдеше дека добил одговор дека „нема загинати цивили надвор од инцидентот“.

Нетанјаху им рече на членовите на Конгресот дека Израел прави големи напори да ги заштити цивилите во Газа и тврди дека Хамас е одговорен за смртта на цивилите.

Израелскиот премиер тврди дека „дозволиле повеќе од 40.000 камиони хуманитарна помош да поминат во Газа“.

„Ако во Газа има Палестинци кои не можат да добијат доволно храна, тоа не е затоа што Израел го спречува тоа, туку затоа што Хамас краде од нив“, рече Нетанјаху.

Интересно, Нетанјаху доби овации од членовите на американскиот Конгрес на крајот од секоја реченица за време на неговиот говор, кој траеше околу еден час.

AA
Популарни