Пермскиот басен во Тексас е едно од најзагадувачките места во целиот свет / Photo: Reuters

Градовите во Азија и САД испуштаат најмногу гасови кои ја задржуваат топлината и ја менуваат климата, додека Шангај загадува најмногу, покажуваат новите податоци на „Климатска трага“ (Climate trace), непрофитна коалиција на организации кои градат навремен, отворен и достапен попис на податоци од каде точно доаѓаат емисиите на стакленички гасови.

Користејќи сателитски и копнени набљудувања, дополнети со вештачка интелигенција за да ги пополни празнините, „Климатска трага“ се обиде да го измери јаглерод диоксидот, метан и азотниот оксид што заробува топлина, како и други традиционални загадувачи на воздухот ширум светот, вклучително и за прв пат во повеќе од 9.000 урбани области.

Резултатите беа претставени на Самитот за климатски промени КOП29 во Баку, Азербејџан.

Според податоците од „Климатска трага“, чиј ко-основач е поранешниот американски потпретседател Ал Гор, претставен на Самитот на ОН, седум држави или провинции испуштаат повеќе од една милијарда метрички тони стакленички гасови, од кои сите се во Кина, освен Тексас, кој е на шестото место.

„Климатска трага“ дојде до податок дека вкупното загадување на Земјата со јаглерод диоксид и метан се зголемило за 0,7 отсто на 61,2 милијарди метрички тони годишно, а загадувањето со метан за 0,2 проценти.

„Бројките се повисоки од другите збирки на податоци „бидејќи имаме толку сеопфатна покриеност и забележавме повеќе емисии во повеќе сектори отколку што се вообичаено достапни“, рече Гевин Мекормик, ко-основач на „Климатска трага“.

Набљудувањата покажаа дека многу големи градови испуштаат повеќе стакленички гасови од некои цели земји.

Со 256 милиони метрички тони стакленички гасови, Шангај е на прво место, а во однос на загадувањето ги надминува емисиите на загадување што се емитуваат од Колумбија или Норвешка.

Токио испуштил 250 милиони метрички тони стакленички гасови, додека Њујорк испуштил 160 милиони метрички тони гас.

Хјустон е на четвртото место по емисии на загадување, со 150 милиони метрички тони, додека Сеул, главниот град на Јужна Кореја, е на петтото место меѓу градовите во однос на загадувањето, со 142 милиони метрички тони емисија на стакленички гасови.

Кина, Индија, Иран, Индонезија и Русија имаа најголем пораст на емисиите на гас од 2022 до 2023 година, додека Венецуела, Јапонија, Германија, Обединетото Кралство и САД имаат најголемо намалување на загадувањето.

„Една од локациите во Пермскиот басен во Тексас е најзагадувачко место во целиот свет. И можеби не требаше да ме изненади тоа, но мислам на тоа колку се валкани некои од овие локации во Русија и Кина и така натаму. Но Пермскиот басен ги става сите во сенка“, рече Гор.

Научници и аналитичари од различни групи - исто така ги разгледа традиционалните загадувачи како јаглерод моноксид, испарливи органски соединенија, амонијак, сулфур диоксид и други хемикалии поврзани со нечист воздух.

„Согорувањето на фосилните горива ги ослободува двата вида на загадување. Ова ја претставува единствената најголема здравствена закана со која се соочува човештвото“, рече Гор.


TRT Balkan / агенции
Популарни