По 71 година Иран ги тужи САД за улогата на ЦИА во соборувањето на Мосадик / Photo: AA

Во Техеран вчера се одржа првото рочиште по тужбата на Иран против Соединетите Американски Држави (САД) поради улогата на земјата во пучот што доведе до соборување на премиерот Мухамед Мосадик, кој во 1953 година ја национализира нафтата под британски надзор, јавува Анадолу.

Заедно со бројни граѓани и новинари вклучени во случајот, на првото рочиште во 55. Меѓународен правен суд во Техеран присуствуваше и внукот на соборениот премиер, Махмуд Мосадик.

Говорејќи на почетокот на расправата, судијата Маџид Хосеинзаде рече дека околу 402.000 ирански државјани од повеќе од 20 држави биле вклучени во случајот започнат против американската Влада и шест американски официјални претставници.

Премиерот Мухамед Мосадик, кој го предводеше движењето за национализација на иранската нафта, беше соборен со државен удар организиран од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) на 19 август 1953 година. Државниот удар влезе во историјата како „Операција Ајакс“.

Подоцна, во државните архиви, од кои ЦИА ја отстрани ознаката „доверливо“ во 2013 година, за прв пат беа објавени докази за улогата на САД и Велика Британија во овој државен удар.

„Воениот удар е изведен под водство на ЦИА како дел од американската надворешна политика“, стои во еден од документите.

AA
Популарни