Сауед Ел-Накиб, имам на џамијата „Омар“, беше избоден со нож за време на утринската молитва од напаѓач што се криел меѓу верниците за време на молитвата.        Фото: Принтскрин од видео од сигурносна камера

Имамот на џамијата во градот Патерсон, кој е наоѓа во американската сојузна држава Њу Џерси, е изложен на напад со нож за време на утринската молитва во недела.

Сауед Ел-Накиб, имам на џамијата „Омар“, беше избоден со нож за време на утринската молитва од напаѓач што се криел меѓу верниците за време на молитвата.

Нападот бил снимен од безбедносните камери, од кои се забележува како 32-годишниот напаѓач Шериф Зорба со нож го напаѓа 65-годишниот имам.

Зорба, кој сакал да избега надвор од џамијата по нападот, бил спречен и фатен од верниците во џамијата, а потоа ѝ бил предаден на полицијата.

Имамот Ел-Накиб по нападот бил пренесен во болница.

Според соопштеното, напаѓачот бил со потекло од Истанбул и пред извесно време дошол во САД. Напаѓачот вчера онлајн учествувал на првото рочиште во судскиот случај против него, кој се обвинува со „носење оружје без дозвола и обид за убиство“.

TRT Balkan / агенции
Популарни