Американската војска рано утринава објави дека извршила воздушни напади врз групи поврзани со Иран во источна Сирија.
„По налог на претседателот Џо Бајден, американските воени сили денеска извршија прецизни воздушни напади во Деир ез-Зор, Сирија. Овие прецизни напади имаат за цел да ги одбранат и заштитат американските сили од напади како оние на 15 август против американскиот персонал од групи поддржани од Иран“, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).
Нападите на САД, според наводите, биле насочени кон инфраструктурни објекти што ги користат групите поврзани со Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран.
Акцијата на САД против Иран доаѓа откако Европската Унија предложи Нацрт-договор за заживување на Договорот за нуклеарната програма со Техеран од 2015 година.
Во соопштението нема информации дали има жртви во нападите.