СБ на ОН го осуди израелскиот воен напад врз хуманитарните работници / Photo: AA Archive

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) вчера ја критикуваше израелската армија поради тоа што повеќепати пукала во возило на Светската програма за храна (СПХ) на контролниот пункт, што резултираше со тоа организацијата привремено да го запре движењето на персоналот во Појасот Газа.

„Вознемирени сме од извештаите дека израелската армија повеќепати пукала во возило на Светската програма за храна“, изјави Роберт Вуд, заменик на постојаниот претставник на САД во ОН, за време на состанокот на Советот за безбедност.

Известувајќи го Советот за безбедност на ОН дека Израел им кажал на САД дека „го истражува овој последен инцидент, за кој рекле дека е поради грешка во комуникацијата помеѓу единиците на израелската армија“, Вуд истакна дека САД го повикале Израел „веднаш да ги исправи проблемите во својот систем што дозволил да се случи ова“.

Изразувајќи загриженост поради пукањето на израелската армија врз возилото, Вуд посочи:

„Израел не само што мора да преземе одговорност за своите грешки туку и да преземе конкретни активности за да обезбеди дека израелската армија повеќе нема да пука врз персоналот на ОН.“

Тој повторно повика да престанат сите напади и заканувачки реторики против ОН и другите хуманитарни организации бидејќи тоа ги става во ризик хуманитарните работници и во Газа и на глобално ниво“.

Вуд, исто така, укажа на важноста на кампањата за вакцинација против детска парализа што треба да се спроведе во Појасот Газа и побара од Израел во овој период да избегнува дополнителни наредби за евакуација“.

„Суштината е хуманитарците на терен, вклучително и агенциите на ОН и другите невладини организации, дека мора да добијат простор и безбедносни услови за дистрибуција на вакцините“, нагласи Вуд.

Тој, исто така, укажа на неопходноста од договор за прекин на огнот во Газа и ги повика сите земји членки да придонесат во напорите за негово постигнување.

Џејмс Кариуки, претставник на Обединетото Кралство во ОН, исто така, укажа на важноста од успешна имплементација на вакцинацијата против детска парализа и повика да се заштитат сите места за вакцинација.

Тој ги осуди наредбите за евакуација од страна на Израел и рече дека повторно предизвикуваат нов хаос, оставајќи ги Палестинците без безбедно место за враќање.

„Израел мора да ги минимизира наредбите за евакуација и да известува најмалку 48 часа однапред“, рече Кариуки, додавајќи дека израелските напади врз ОН и хуманитарните конвои се ужасни и неприфатливи.

Кариуки ја осуди ескалацијата на насилството на Западниот Брег и го повтори повикот за деескалација што го упати генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Претставникот на Кина во ОН, Генг Шуанг, исто така, побара „ефикасна“ кампања за вакцинација, повикувајќи го Израел да дејствува на „одговорен начин“.

Тој остро ги осуди акциите на Израел на Западниот Брег и додаде: „На овој начин продолжуваат да го прекршуваат меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност“.

„Сега Газа се претвори во пекол на земјата. Никогаш не смееме да дозволиме на Западниот Брег да се случи иста хуманитарна катастрофа како во Газа, што ќе го претвори Западниот Брег во уште еден пекол на земјата“, рече Генг.

Тој силно се спротивстави на реториката што ги зголемува тензиите и побара од Израел да покаже воздржаност и да спречи натамошна ескалација.

Рускиот пратеник Дмитриј Полјански, исто така, ја изрази својата загриженост за нападот на израелската армија врз возилото на Светската програма за храна.

Тој го истакна влошувањето на ситуацијата на Западниот Брег и ја повика меѓународната заедница да побара од Израел да ги прекине нападите врз хуманитарните работници и да спроведе истрага за да ги идентификува сторителите.

AA
Популарни