Соединетите Американски Држави (САД) одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од 300 милиони долари, што е 14-ти договор за испорака на вооружување на Тајпеј откако Џо Бајден стана претседател во 2021 година.
Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка соопшти дека Тајван ќе обезбеди способност да одговори на сегашните и идните предизвици. Се додава дека продажбата на опрема и поддршката нема да го загрозат воениот баланс во регионот.
Со договорот е предвидена техничка и логистичка поддршка и други елементи на логистичка и програмска поддршка.
„Продажбата им служи на американските национални, економски и безбедносни интереси и ги поддржува континуираните напори на Тајван за модернизација на своите вооружени сили и одржување на веродостојни одбранбени способности“, соопшти агенцијата.