Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „многу луѓе“ ќе конкурираат за сопственост на ТикТок.
„Станав малку скептичен за ТикТок, но ќе видиме што ќе се случи. Ќе имаме многу луѓе кои ќе лицитираат за тоа“, им рече Трамп на републиканците од Домот во Мајами, Флорида.
Тој, исто така, нагласи дека не сака Кина да биде вклучена во апликацијата за споделување кратки видеа.
„Кина нема да биде вклучена. Вие не сакате Кина да биде вклучена, но ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.
Трамп рече дека Мајкрософт е една од американските компании кои се обидуваат да ја преземат контролата над ТикТок.
„Би рекол да, Мајкрософт е во преговори“, им рече тој на новинарите на прашањето за можното купување на апликацијата, додавајќи:
„Има голем интерес за ТикТок. Има голем интерес за ТикТок.
Трамп минатиот понеделник потпиша извршна наредба за одложување на забраната на популарната апликација во САД за 75 дена.
Според наредбата, тој бара решение што ќе ја заштити националната безбедност, а во исто време ќе ја обезбеди платформата што ја користат 170 милиони Американци.
Преговорите за иднината на ТикТок,чиј сопственик е кинеската компанија БајтДенс се во тек, а американските инвеститори и компании покажуваат интерес.
Трамп посочи дека наскоро се очекува договор, нагласувајќи дека САД мора да имаат корист од секој постигнат договор.