Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува дека неговиот руски колега Владимир Путин сака мир во Украина.
„Верувам дека тој сака мир. Многу добро го познавам. Да, мислам дека сака мир. Мислам дека ќе ми кажеше ако не го сакаше тоа“, изјави Трамп во Овалната соба.
Неговите забелешки дојдоа еден ден откако тој имаше одвоени телефонски разговори со Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски, за ставање крај на руско-украинската војна.
Запрашан дали му верува на Путин, Трамп рече: „Верувам дека би сакал да се случи нешто. Му верувам на оваа тема. Мислам дека би сакал да види нешто да се случи“.
TRT Balkan / агенции