Враќањето на екипажот на мисијата Аксиом-3 од Меѓународната вселенска станица (ICC) повторно е одложено поради неповолните временски услови, објави SpaceX.
Приватната вселенска компанија соопшти дека враќањето на Земјата на вселенското летало Драгон и тимот Аксиом-3, вклучувајќи го и првиот турски астронаут Алпер Гезеравџи, е одложено поради неповолните временски услови во близина на брегот на Флорида.
„Вселенското летало Акс-3 и екипажот се безбедни, а тимовите ќе продолжат да ги следат временските услови за следната достапна можност“, велат тие.
Враќањето на тимот Ax-3 на Земјата првично беше закажано за 3-ти февруари, но потоа беше одложено на 5-ти февруари и повторно одложено поради неповолните временски услови на брегот.
Мисијата Ax-3 беше лансирана на 18 јануари од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија SpaceX и се приклучи на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари.
Екипажот спроведе повеќе од 30 научни експерименти.