Зошто големиот пробив на кинеските чипови ги вознемири САД?     Фото: TRT World

Соединетите Американски Држави (САД) вложија милијарди долари во интензивни дипломатски напори и трикови за заплашување за да ја спречат Кина во намерата да развие технололгија за супербрзи компјутери и најсовремени оружја.

Клучно место во оваа борба се поновите генерации на полупороводници кои служат за напојување на мобилните телефони, електрични автомобили и домашни апартати.

И покрај попречувањата кинеската меѓународна корпорација за производство на полупроводници (SMIC) напредува во производството на напредни чипови. Минатиот месец, независни аналитичари објавија дека SMIC произведува чипови од 7 нанометри. Нешто што се сметаше дека го можат единствено „Самсунг“, „Интел“ и компании од Тајван.

„Никој не очекуваше дека SMIC ќе ја пробие бариерата од 7 нанометри толку брзо. Повеќе од 70 проценти од приходите од полупроводниицте и 90 проценти од чиповите се направени со чипови од седум нанметри или постари технологии до кои Кина има пристап”, изјави за „TRT World“ Дилан Пател, аналитичар во консултантската куќа „SemyAnalysis“.

До минатата година повеќе аналитичари сметаа дека „SMIC“ е способен да произведе единствено чипови од 14 нанометри и дека ќе им требаат повеќе години за да направат нови генерации полупроводници.

Нанометерот ја означува големината на транзисторите, столбот ан микропроцесорите. Колку е помала големината на транзисторот толку повеќе од нив можат да бидат сместени во чип. Човечката коса има дијаметар од 1.000 нанометри.

„SMIC“ најголемата леарница з аполупроводници во Кина официјално не го објави развојот на чипови од 7 нанометри. Веста беше објавена откако компанијата „TechInsights“ откри дека ги користи процесните јазли на „SMIC“.

Во 2020 година САД воведоа санкции со што го спречија „SMIC“ да добие опрема потребна за развој на напредни полупроводници од 5 нанометри.

САД го блокираа и холандскиот „ASML Holding“ за да не може на „SMIC“ да му ги продава своите машини за литографија.

„Алатките за литографија EUV овозможуваат производство на полупороводници под 7 нанометри. SMIC користи далбоко ултравиолетова литографија за нивните 7 нанометри”, изјави Пател.

Наспроти можностите

САД продолжуваат да бидат центар на напредно истражување и развој на полупровидници. Напрмер лабораториите финансрани од Вашингтон направија голем дел од академските истражувања и експерименти на машините за литографија EUV.

Кинеските технолошки компании во голема мера се потпираат на увоз на полупроводници. Но додека Пекинг се обидува да го зголеми синџирот на снабдување со технологија со инвестиција од милијарди долари, САД и нивните сојузници се обидуват да им отежнат на компаниите како „SMIC“ да ги набават потребните алатки.

Амерканскиот преѕтседател Џо Бајден неодамна потпиша закон со кој се доделија 54 милијарди долари субвенции и даночни олеснувања на компаниите за производство на полупроводници. Законот наметнува ограничувања за таквите компании да прават договори со Кина.

Пекинг вели дека законот е дискриминатирски и дека ги крши меѓународните тргобски правила.

Вашингтон исто така се обидува да формира сојуз со Јапонија, Јужна Кореја и Тајван за производство и идниот дизајн на полупроводниците. Овие четир и сојузници можат да задоволат најголем дел од светската побарувачка за полупроводници. Во нивна сопственост се најголемиот дел од капацитетите за производство, тест и дизајн на мали компоненти за чиповите. Тајванскиот „TSMC“ е производител на чипови со најмногу клиенти меѓу кои и „Apple“ и „Nvidia“.

САД ја обвинуваат Кина за кражба на интелектуална сопственост од американски и западни компании. На пример тоа е случај со технологијата неопходна за турбините за ветерници. Во последните неколку години неколку американски администрации воведоа ограничувања за пренос на знаење за софистицирани производи во Кина.

Она што може да го вклучи алармот на Вашингтон е брзото освојување на 5Г мрежата од страна на Кина. „Huawei“ поседува најголем дел од патентите за 5Г и се соочува со блокади за негово проширување од американска страна.

И покрај тоа што „SMIC“ се соочи со слични обвинувања за кражба на интелектуална сопственост, сепак компанијата и натаму е меѓу најдобрите во производството на интегрирани кола по обем и цена.

Веднаш по нејзиното основање во април 2000 година комоанијата со седиште во Шангај воведе политика за ангажирање таленти од сттраанство. Една година по примената таа имаше 1300 вработени, а 400 од нив беа иселеници од САД, Тајван, Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја.

TRT World
Популарни