Еуроконтрол: Авиосообраќајот во Европа нема да се опорави до 2025 година     Фото: АА  / Photo: AA

Опоравувањето на европскиот воздушен сообраќај нема да се случи до 2025 година, се наведува во извештајот на европското тело за управување со воздушен сообраќај Еуроконтрол (Eurocontrol).

Во извештајот е нагласено дека опоравувањето на воздухопловството нема да се врати на нивоата пред пандемијата најдоцна до 2025 година.

„Ова лето видовме силна побарувачка, но тоа беше ограничено и од капацитетот на секторот да се носи со брзиот раст и влијанието на војната во Украина“, истакна генералниот директор на Еуроконтрол Имон Бренан.

Тој нагласи дека оваа година се очекуваат 49 отсто повеќе летови во однос на минатата година, но сепак, 16 отсто помалку во однос на нивоата пред пандемијата во 2019 година.

„Оптимисти сме во поглед на опоравувањето на сообраќајот на околу 92 отсто од нивоата од 2019 година. Но постојат значајни негативни ризици кои би можеле да влијаат на опоравувањето“, истакна тој.

Според Еуроконтрол, посотјат три сценарија во врска со ситуацијата во воздухопловството.

Првото покажува опоравување на нивоата пред пандемијата во напредната година, додека најпесимистичното покажува опоравување дури по 2028 година.

Сите овие сценарија се изведени, земајќи ги в предвид неколку фактори, вклучувајќи зголемување на цената на енергијата, како и недостаток на персоналот забележан оваа лето, кој би можел да се повтори следната година.

Сите три исто така го земаат в предвид „повторното обновување“ на тековите на долголинискиот сообраќај во наредната година, како и „многу ограничени патувања“ поради ситуацијата предизвикана со ширењето на вирусот корона и неговите нови варијанти.

Врз основа на неодамнешниот извештај на Еуроконтрол, воздушниот сообраќај до овој момент достигна вкупно 82 отсто од нивото пред пандемијата до октомври, додека на почетокот на месецот беше на 87 отсто. Сепак, цифрите и понатаму остануваат под јунската прогноза од 90 отсто и вкупно 92 отсто до декември.

Еуроконтрол предвидува дека сообраќајот во наредната година ќе достигне 92 отсто од нивото пред пандемијата, како и дека ќе се зголеми на вкупно 98 отсто во 2024 година.

Се напоменува и дека цените на горивото пораснаа за 47 отсто од почетокот на оваа година, додека цените на авионските билети во јули пораснаа за 15 отсто во однос на нивото од 2019 година.

„Неизвесно е како авио-компаниите ќе можат да ги пренесат наглите скокови на цените на горивото на патниците“, се заклучува во извештајот на Еуроконтрол.

TRT Balkan / агенции
Популарни