Германскиот авиопревозник Луфтханза откажа стотици летови поради еднодневниот штрајк на копнениот персонал на главните аеродроми во земјата.
Штрајкот започна на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Берлин, Хамбург и Дизелдорф, при што над 100.000 патници се соочија со откажани летови.
Луфтханза соопшти дека морала да откаже околу 80 отсто од закажаните летови, додавајќи дека патниците кои биле погодени од откажувањето на летовите биле информирани преку е-пошта или преку нивната апликација.
„Ве молиме дојдете на аеродромот само ако вашиот лет не е откажан. Поради штрајкот, бироата за пререзервации за жал не се во функција“, се вели во соопштението на Луфтханза, додавајќи дека откажаните летови може да се ререзервираат на веб-страницата на компанијата.
Во тековниот спор за колективен договор, синдикатот Верди бара зголемување од 12,5% и не помалку од 500 евра покачување на месечната плата за околу 25.000 работници и еднократен бонус од 3.000 евра за да се надоместат трошоците кои ги предизвика кризата и поскапувањата.