Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе стапат во 24-часовен штрајк бидејќи не успеале да постигнат договор за платите со оваа компанија.
Синдикатот на пилотите „Вереингунг Кокпит“ (VC) соопшти дека во текот на последните преговорите со управата не е направен напредок.
„Луфтханза мора да даде подобра понуда“, рече преговарачот Марсел Гроелс, додавајќи дека ставовите на управата и синдикатите моментално се премногу оддалечени.
Според неговите зборови, Комисијата за колективно преговарање бара зголемување на платите и понатамошен раст во согласност со инфлацијата и меѓународно конкурентната структура на платите во сите групи на занимања.
Синдикатот соопшти дека штрајкот во петок, утре, ќе започне во 00:01 по локално време и ќе заврши во 23:59 часот. Штрајкот ќе влијае и на патничките и на товарните летови.