Големи количини чоколадо произведени во Европската унија завршуваат на пазарот во и надвор од Унијата / Photo: ТРТ Балкан

Германија е земја членка на Европската унија со најголем извоз на чоколадо на пазарот надвор од ЕУ во 2023 година. Велика Британија пак е најголем увозник на чоколадо меѓу земјите надвор од ЕУ. Ова го покажуваат податоците кои ги објави Евростат.

Исто така во истражувањето е утврдено дека во 2023 во ЕУ биле произведени 867.000 тони чоколадо и чоколадни плочки кои биле извезени надвор од Унијата. Ова значи дека производството се зголемило за 2% во споредба со 2022 година (852.000 тони) и 35% во споредба со 2013 година (643.000 тони).

Пет ЕУ членки покриваат три четвртини од извозот

Извозот на чоколадо и чоколадни плочки од Германија во земјите надвор од ЕУ во 2023 година изнесувал 221.000 тони или 26% од вкупниот извоз. Холандија е на второ место со извоз од 123.000 тони или 14%, Полска е трета со 115.000 тони или 13%, Белгија е четврта со 96.000 тони или 11% и Италија е на петтото место со 92.000 тони или 11%.

На овие пет земји отпаѓаат три четвртини од вкупниот извоз на чоколади и чоколадни плочки од Европската унија во земјите надвор од ЕУ.

Британците најмногу јадат чоколадо од ЕУ

Голема е разликата меѓу првиот увозник на чоколади од земји од ЕУ со останатите четири кои се наоѓаат во првите пет. Велика Британија во 2023 увезла 315.000 тони чоколади од земји од Унијата или 36%. По неа доаѓаат САД со 72.000 тони или 8%, Русија со 65.000 тони или 7%, Канада со 31.000 тони односнно 4% и Австралија со 27.000 тони што значи 3% од увозот.

Туркије меѓу топ пет извозници на чоколадо надвор од ЕУ

Увозот на чоколади надвор од ЕУ пак доаѓа во најголем дел од Швајцарија која води со 62.000 тони или 36%, следува Обединетото Кралство со 61.000 тони или 36%, па Украина со 22.000 тони или 13%. Туркије со 7.000 тони и 4 % од вкупниот извоз е на четврто место меѓу извониците на чоколадо и чоколадни плочки надвор од ЕУ. Петта е Норвешка со 3 000 тони или 2%.

TRT Balkan / агенции
Популарни