Испораките на гас преку гасоводот Турски тек се реализираат во обемот што го посакува Туркије / Photo: AA

Обемот на трговска размена меѓу Туркије и Русија ќе надмине 65 милијарди долари оваа година, изјави рускиот генерален конзул во Истанбул.

Андреј Буравов рече дека обемот на билатералната трговија бележи трикратен раст во последните пет-шест години.

„Редовниот дијалог меѓу лидерите на двете држави продолжува. Паралелно се остваруваат редовни контакти на ниво на нашите министерства за економија“, нагласи тој.

Потсетувајќи на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за изградба на центар за природен гас во Туркије, Буравов рече дека двете страни работат на деталите.

На состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на регионалниот собир во Казахстан во октомври 2022 година, Путин истакна дека изградбата на центарот во Туркије, меѓу другото, ќе овозможи регулирање на цените, продажба на гас по разумни цени и исклучување на „политизацијата“ на ова прашање.

Посочувајќи дека испораките на природен гас од Русија продолжуваат преку различни канали, Буравов рече: „Конечно, испораките на гас преку гасоводот Турски тек се реализираат во обемот што го посакува Туркије и постои потенцијал.“

Во врска со изградбата на нуклеарната централа „Акују“ во Мерсин, Јужна Туркије, тој рече: „Туркије не само што гради нов објект туку создава и нова гранка на економијата во земјата.“

AA
Популарни