Aгенцијата за кредитен рејтинг нагласува дека високите ризици од рецесија ги зголемиле тешкотиите во кредитирањето.

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич рејтингс“ соопшти дека глобалното кредитирање продолжува да се влошува во последните месеци.

Во соопштението од агенцијата за кредитен рејтинг се нагласува дека високите ризици од рецесија ги зголемиле тешкотиите во кредитирањето.

Се наведува дека глобалното кредитирање продолжува да се влошува во последните месеци.

„Засилените инфлациски притисоци и одговорот на монетарната политика на тие инфлациски притисоци придонесоа за попредизвикувачки услови за глобалниот раст, вклучително и финансиско затегнување на широка основа“, се вели во соопштението на „Фич“.

Се додава дека ризиците од рецесија во Европа и САД се високи, а во случај на зголемување на бројката на новите варијанти на коронавирусот (Ковид -19) може да има дополнителен пад на растот на Кина.

Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека целосниот прекин на протокот на гас од Русија кон Европа е меѓу најголемите потенцијални ризици во блиска иднина.

AA
Популарни