Германската економија влегува во рецесија, а индексот на деловната клима бележи најниско ниво од мај 2020, година, соопшти денес Институтот за економски истражувања во Минхен „Ифо“.     Фото: АА (Архива)

Германската економија влегува во рецесија, а индексот на деловната клима бележи најниско ниво од мај 2020, година, соопшти денес Институтот за економски истражувања во Минхен „Ифо“.

Индексот за деловна клима на „Ифо“ падна на 84,3 поени во септември годинава од 88,6 поени во август, се наведува од Институтот. Според оваа институција, ова е најниско измерено ниво на индексот од мај 2020 година.

„Во производниот сектор, индексот „опипливо“ падна и фирмите беа помалку задоволни од нивниот тековен бизнис“, соопшти Институтот, додавајќи дека се дефинитивно загрижени за следните шест месеци.

„Во услужниот сектор, индексот на деловна клима падна“, наведоа од Институтот.

Оттаму додаваат дека за прв пат од февруари 2021 година, бизнис климата е назад на негативна територија.

AA
Популарни