Германскиот институт за економски истражувања ДИВ (DIW), со седиште во Берлин, објави прогноза според која германската економија е во рецесија поради енергетската криза, високата инфлација и успорувањето на глобалната економија.
ДИВ го објави октомврискиот економски извештај за Германија. Според најновите податоци, економскиот барометар во октомври е намален за 5 поени, на 74,3 поени.
Во соопштението е истакнато дека енергетската криза, високата стапка на инфлација и успорувањето на глобалната економија негативно влијаеаа на германското стопанство.
Од ДИВ наведуваат дека енергетската криза и понатаму е главен проблем, особено за индустријата, кој предизвика високи трошоци за производство.
Гуидо Балди, економист во ДИВ, изјави дека германија веќе влезе во рецесија:
„Освен доколку не биде недостаток со залихите на гас, економијата веројатно ќе се намали многу помалку отколку во текот на финансиската криза во 2008 година или во првата година на пандемијата од Ковид-19. Меѓутоа, ризиците за подоцнежниот период и понатаму остануваат значајни.“
Германската Влада на 12 октомври ја ревидираше прогнозата за растот за 2022 година на 1,4 отсто со претходните 2,2 отсто, првенствено поради последиците од енергетската криза, растот на цените и пореметувањето на ланците за снабдување. Владата предвидува рецесија наредната година.
Енергетската криза предизвикана од руско-украинската војна доведе до нагло зголемување на цените на природен гас во Европа, а Германија би можела да ја намали потрошувачката за најмалку 30 отсто за да се спречи недостатокот на гас.
Резултатите на студиите кои ги спроведе Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, во кој учествуваа 30 истражувачи од цела Германија, покажаа дека во текот на енергетската криза германските граѓани мораат повеќе да ја ограничат потрошувачката на гас отколку претходно во минатото.
Во студијата се наведува дека Германија треба да ја намали потрошувачката на гас за најмалку 30 отсто за да го избегне недостатокот на гас и да ги исполни Владините климатски цели за 2045 година.
Високите цени на енергијата исто така предизвикуваат пад на куповната моќ на граѓаните и го чинат производството неисплатливо за многумина компании.