На крајот на 2023 година, учеството на земјите од БРИКС во глобалниот БДП по паритетот на куповната моќ се зголеми за 0,6 отсто и достигна рекордни 35,7 отсто, покажува анализата на податоците на Светска банка.
БРИКС, блок на растечки економии, што го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка е основан во 2006 година, а од таа година уделот на овој економски блок во економијата е зголемен за 10,2 отсто.
Спротивно на тоа, учеството на земјите од Групата седум (Г7) во глобалниот БДП падна за 0,4 отсто на 29 отсто на крајот на минатата година и сега е најниско во последните 30 години.
TRT Balkan / агенции