Неговите главни стравови се можноста за креирање дипфејк видеа и содржини за финансиски измами / Photo: Reuters

Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори, смета дека вештачката интелигенција е модерна атомска бомба која може да создаде многу добри нешта, но и да предизвика огромна штета.

Тој направи паралела меѓу вештачката интелигенција и атомската бомба на годишната конференција на акционери во Беркшајр Хатавеј, на која истакна дека и двете средства му предизвикуваат огромен страв.

„Со вештачката интелигенција духот е излезен од ламбата. Порано или подоцна некој ќе ја создаде таа закана“, рече Бафет иако призна дека не е експерт за темата.

Неговите главни стравови се можноста за креирање дипфејк видеа и содржини кои може да се искористат за финансиски измами и да предизвикаат огромни штети во економскиот систем.

TRT Balkan / агенции
Популарни