Вучиќ со американскиот бизнис сектор разговараше за нови стратешки партнерства, како и за потенцијалите за инвестиции во областите на енергетиката, информатичките и комуникациските технологии и зелените технологии.     Фото: АА

„Посетата на бизнис делегација од САД е потврда за напредокот на Србија“, рече претседателот на земјата Александар Вучиќ по средбата со стопанска делегација на Владата на Соединетите Американски Држави (САД). Вучиќ со претставници на дел од најголемите американски глобални корпорации разговараше за понатамошно јакнење и развој на билатералната економска соработката.

Вучиќ со американскиот бизнис сектор разговараше за нови стратешки партнерства, како и за потенцијалите за инвестиции во областите на енергетиката, информатичките и комуникациските технологии и зелените технологии.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот на Србија, Вучиќ истакна дека оваа посета на бизнис делегација од САД, во која се претставници на некои од најголемите и најпознати глобални компании кои покажале интерес за стратешко деловно партнерство со Србија, е прва после 20 години. Додадоа дека во таа смисла е од големо значење за Србија, не само во поглед на потенцијалот за соработка, туку и како показател на напредокот на Србија како стабилна економија и посакуван деловен партнер.

„Србија во новите технологии на време ја увиде развојната шанса и затоа во изминатата деценија забрзано вложувавме во инфраструктура, реформи и изградба на деловен амбиент“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека многу американски компании кои долго и успешно работат во Србија и вработуваат 30.000 луѓе, претставуваат „исклучителен показател на стабилноста на нашата економија и деловното опкружување кое успеавме да го креираме со сериозен системски пристап на сите нивоа.

Според Вучиќ, во првите осум месеци оваа година вкупната стокова размена помеѓу Србија и САД достигна 854,6 милиони долари, што претставува зголемување од 45,6 отсто во однос на истиот период 2021 година. Тој рече дека сериозна препорака за Србија претставува тоа што во земјата работат светски корпорации со глобална репутација.

„Соговорниците се согласија дека што поскоро треба да се тргне со конкретизација на соработката во бројни области во кои се дефинирани неискористени потенцијали, како и дека со таа цел е неопходно интензивирање на средбите на стопанствениците од Србија и САД, што ќе претставува чекор понатаму кон реализација на проекти од заемен интерес“, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ.

TRT Balkan / агенции
Популарни